Колку долго треба да трае гарантниот период за купените производи?
општество Tagged Европската унија февруари 19th, 2010За да се заштитат потрошувачите, на ниво на Унијата се унифицирани минималните рокови под гаранција на производите. Како резултат на ова, сите потрошувачи, без оглед на тоа од која држава-членка ги имаат купено производите, имаат право на минимум 2-годишна гаранција на производите. Доколку дојде до каков било дефект или пропуст на производот во првите 6 месеци, тој мора да биде заменет на трошок на продавачот, односно се претпоставува дека секој дефект во овој период е знак за фабричка грешка. Од друга страна, во период до 2 години дефектот или пропустот ќе биде заменет само доколку потрошувачот покаже дека производот се користел на соодветен начин, односно дека дефектот не настанал по вина на потрошувачот.